Сопственик · Скопје

За мене

Сопственик на салонот Beauty & Co

Founder & Beauty Specialist | Beauty & Co.

Со повеќегодишно искуство и искрена посветеност кон светот на убавината, пред шест години го основав Beauty & Co. во Варберг, Шведска, со желба да создадам место каде професионалноста, современите технологии и индивидуалниот пристап се спојуваат во едно.

Во текот на мојата кариера, најголемиот дел од моето професионално искуство го посветив на современи естетски и beauty третмани, со особен фокус на различни ласерски технологии и третмани, како и на microneedling и други напредни процедури за нега и подобрување на изгледот на кожата.

Постојано се стремам кон усовршување и следење на новите технологии, техники и трендови во beauty индустријата. Верувам дека секој клиент е уникатен и затоа пристапувам индивидуално кон секој третман, внимателно слушајќи ги потребите, желбите и очекувањата на секоја личност.

Покрај ласерските и естетските третмани, имам долгогодишно искуство и во маникир, педикир и гел нокти, што ми овозможи да стекнам широко познавање и искуство во различни области од beauty индустријата.

За мене, убавината не е само надворешен изглед. Таа е поврзана со самодовербата, грижата за себе и чувството да се чувствуваме најдобро во сопствената кожа.

Токму оваа визија стои зад Beauty & Co.. — да создадам професионална, пријатна и доверлива средина во која секој клиент ќе се чувствува посебно, негувано и сигурно.

Мојата цел е секој третман да биде повеќе од само услуга — да биде време посветено на вас, вашата кожа и вашата самодоверба.

Работно време

Понеделник – Петок: 09:00 – 19:00

Сабота: 10:00 – 15:00

Недела: затворено